САД бомбардираa три клучни нуклеарни постројки во Иран
Американската војска нападна три цели во Иран: Натанц, Исфахан и Фордо, клучни локации на иранската нуклеарна програма, за која Техеран тврди дека служат за цивилни цели.
Соединетите Американски Држави спроведоа воздушен напад врз три ирански нуклеарни објекти (Fordow, Natanz и Isfahan), користејќи т.н. „бункер-бастер“ бомби, соопшти американски претседател Доналд Трамп. Тој изјави и дека објектите се „целосно уништени“, нарекувајќи ја операцијата „многу успешна“. Нападот беше изведен во координација со Израел, откако Иран започна уште еден ракетен напад врз израелска територија, објави Асошиејтед Прес.
Од Иранската организација за атомска енергија изјавиле дека „нема знаци на радијација или загадување околу погодените локации“ и ги повикаа граѓаните да останат смирени.


