Skip to main content

Информативните денови за Оперативниот план за вработување продолжуваат во Охрид

Утре во 10 часот во салата на Советот на Општина Охрид ќе се одржи информативен ден за Оперативниот план за вработување.
 |  инфодеск  | 
Општина Охрид

Во рамки на активностите за промоцијата пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, во среда (25.06.2025 година) во 10 часот во салата на Советот на Општина Охрид ќе се одржи информативен ден.

На овие средби покрај заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески ќе бидат присутни и претставници од Општина Охрид, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

-На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд, стои во соопштението од Општина Охрид.