општина охрид
Пецаков со честитка до заедницата на Балканските Египќани
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 јуни, денот на Балканските Египќани.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 јуни, денот на Балканските Египќани.
-Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани. Нека овој празник биде потсетник дека различностите не прават посилни и побогати. Вашата традиција и култура се важен дел од духот на Охрид и се вградени цврсто во мултикултурниот мозаик на македонското општество. И во иднина, како и до сега, да продолжиме да го негуваме нашето пријателство и искрена соработка, градејќи соживот исполнет со разбирање, доверба и праведни можности за сите, стои во честитката на градоначалникот.


