СВР Охрид
СВР Охрид: 75-годишен охриѓанец починал по службен разговор во полиција
Од најновиот билтен на СВР Охрид.
На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со 75-годишен охриѓанец, на излезот од објектот на лицето му се слошило и со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид. Во 17.20 часот, лицето починало, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат во најновиот билтен од СВР Охрид.


