ЈП ВОДОВОД Охрид започна со реконструкција на дотраената и оштетена азбест-цементна (салонитна) водоводна линија на улица “Воденичарска” во с.Велгошти.
Како што информираат од претпријатието, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци во должина од 218 метри и тоа:
– Профил ф225 мм во должина од 140 метри
– Профил ф63 мм во должина од 78 метри
– Профил ф25 мм во должина од 112 метри


Средствата во вредност од 3.081.378,00 денари за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Додека се изведува новата водоводна линија дел од селото ќе биде со намален притисок на водата.