Skip to main content

Младите охриѓани покажале голем интерес за владината мерка за поддршка за самовработување

Во Охрид за меркатa Поддршка за самовработување на невработени лица аплицирале 130 млади луѓе, а на ниво на државава има рекореден број апликации, односно над 6000 млади се спремни да отворат сопствен буизнис со помош од државата. Информативен ден за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година денес се одржа во Општина Охрид, каде мерките и активностите пред присутните ги презентираа претставници од министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Агенцијата за вработување.
 |  Маја Савиќ  | 

26 годишната Ивона Ристеска аплицирала на јавниот повик за Поддршка за самовработување на млади до 29 години. Таа во моментов посетува бесплатен курс организиран од Занаетчиската комора со цел да стекне вештини со цел да се вработи. Шест месеци е невработена и вели дека тешко функционира без сопствени пари.

Во денешното време млад човек да најде работа е многу тешко. Со знает да се почне е тешко, и во фабрика е тешко, а и во другиве занаетчиски фирми е исто тешко да се почне. Мојата желба е да отворам сопствен бизнис и да се бавам со козметика. “ – вели Ивона.

Претседателот на Регионална занаетчиска комора Охрид Сашо Богоески посочува голем број млади луѓе кои се мачеле да одржат свој бизнис ги затвораат салоните и дуќаните поради големите трошоци и одат да работат во фабриките за производство на автомобилски делови Потенцира дека на оние кои се заинтересирани за самовработување неопходна им е поддршка.

„ Сите потенцијални кандидати за отворање на занаетчиска фирма прво прашуваат дали има субвенции, некои поволности за отворање и регистрација на нова фирма. Минатата година регистриравме 16 нови фирми, од кои 15 се преку проекти на Агенцијата за вработување и УНДП. Во изминативе две години само двајца регистрирале фирми самостојно, без да добијат субвенции од државата. Голем е интересот кај младите пред се за субвенционирање од држвата.– потенцира Богоески.

Младите од Охрид покажале голем интерес за аплицирање за владината мерка за поддршка за самовработување на невработени лица од Оперативниот план за вработување за 2025 година.

Мерката Поддршка за самовработување на невработени лица веќе помина пред две недели и имавме 130 апликанти, млади лица до 29 години и постари над 29 години. Оваа мерка е завршена, фазите постепено течат. Покрај оваа мерка се и стекнување на знаење со комјутери, стекнување на знаења за изучување на јазици. Ја користам можноста сите млади лица во Охрид да ја посетат нашата веб страна како и Центарот за вработување во Охрид каде ќе добијат подетални информации за напредни дигитали вештини и ќе добијат сертификати од сертифицирани ИТ центри. Сите работодавачи и невработени лица ги очекуваме.– вели Мирјана Влаоска, раководител на Центарот за вработување во Охрид.

За мерката самовработување на ниво на државата има рекорден број на апликации, преку 6000 млади луѓе кои сега влегуваат во процедура каде што ќе бидат избрани најдобрите бизнис идеи и преку АВРМ и Агенцијата за поддршка на претприемништво ќе бидат водени до отворање на бизнис. Лицата кои ќе бидат избрани за отворање на бизнис ќе може да користат до 10 илјади евра, а оние над 29 години до 7 илјади евра, а имаат можност и за здружување на две лица во Друштво со ограничена одговорност, каде би имале можност да користат 20 илјади евра до 29 години, и 14 илјади евра над 29 години.

Во моментов од Оперативниот план за вработување активен е јавен повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, со која на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, а рокот за аплицирање е до 4-ти јули

„ Оваа недела актуелна е уште една мерка, мерката за раст на правните субјекти, каде постојаните фирми, микро, мали и средни ќе имаат поддршка од страна на АВРМ и Оперативниот план да можат да вработат луѓе. Исто така фокусот е ставен на млади луѓе до 29 години каде ќе имаат помош во субвенционирање од 240 илјади денари за ранливи категории и лица со посебни потреби доколку вработат Роми и тие кои подолго чекаат работа би добивале до 220 илјади денари субвенционирање, а 140 илјади денари за лица невработени над 29 години.“ – кажа заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

До 30-ти ноември годинава отворен е повикот е за мерката „Обука на работно место кај конкретен работодавач“.

Оперативниот план за вработување за 2025 год изнесува 2,5 милјарди денари односно 40 милиони евра, или 7,5 милиони евра повеќе од минатата година.

„ Оперативниот план ќе опфати вкупно околу 16 500 лица на ниво на Македонија. Секоја мерка и подмерка опфаќа одреден број луѓе. Мерката за самовработување ќе опфати околу 1750 луѓе, додека мерката за раст на правните субјекти ќе опфати околу 1500 фирми. Една фирма може да користи за вработување на луѓе до 1 250 000 денари.“ – додаде заменик министерот Ристески.

Мерките и активностите од Оперативниот план за вработување за 2025 година денеска беа презентирани пред охриѓани, од страна на претставници од министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Агенцијата за вработување.