Skip to main content

УХМР

Сончево и многу топло, УВ индексот со вредност 9

Температурите денес во интервал од 16 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 9.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со утрешните.