Skip to main content

Центарот „Мали стапала“ од Охрид слави една година – Мали Стапала, Големи Чекори 

Во текот на изминатата година, во „Мали стапала“ заедно со децата и нивните семејства се чекореше со голема љубов и посветеност.
 |  инфодеск  | 


На 24 јуни, Центарот за стимулација на раст и развој, едукација и советување Мали Стапала од Охрид одбележa една година од своето постоење. Во текот на изминатата година, во „Мали стапала“ заедно со децата и нивните семејства се чекореше со голема љубов и посветеност.

Во оваа прва година, „Мали стапала“ го прошири своето семејство и во Скопје, каде што отвори уште еден центар и продолжи со посветена работа во поддршката на децата и нивниот развој.


Покрај секојдневната стручна работа, „Мали стапала“ организираше и инклузивна предновогодишна забава, како и хуманитарна работилница, со цел да создаде простор за социјализација, вклучување и заедничка радост кај сите деца и семејства.

Центарот посветува и големо внимание на едукацијата на заедницата преку редовно објавување едукативни содржини на социјалните мрежи, со што дополнително се залага за информирање и поддршка на родителите и пошироката јавноста.

Од „Мали стапала“ истакнуваат дека нивната мисија останува иста – да бидат сигурен партнер во растот и развојот на секое дете, нудејќи стручна поддршка, едукација и советување прилагодено на индивидуалните потреби.


Центарот изразува голема благодарност до сите семејства кои им ја укажале довербата во изминатата година и порачува:
„Продолжуваме чекор по чекор – Мали Стапала, Големи Чекори!“


Нивната работа можете да ја следите на:
Instagram: mali.stapala
Facebook: Центар „Мали стапала“ – Охрид

За повеќе информации, контактирајте на телефон:  070 605 335
или пишете на е-пошта: mali.stapala@outlook.com