Skip to main content

амсм

Од 1 јули до 31 август забрана за сообраќај на тешки товарни возила на државните патишта 

АМСМ информира за забраната за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, во периодот од 1 јули до 31 август.
 |  инфодеск  | 
АМСМ

Од АМСМ информираат дека се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, во периодот од 1 јули до 31 август.

Термините се следни:

  • петок од 17:00 – 22:00 часот, 
  • сабота од 09:00 до 18:00 часот и
  • недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

  • петок од 15:00 – 22:00 часот,
  • сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
  • недела од 07:00 до 22:00 часот.