Skip to main content

општина охрид

На 1. јули стапува на сила забраната за извршување градежни работи во централното градско подрачје

Забраната ќе биде на сила до 31 август.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Од први јули (вторник) стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“  во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“.

Забраната ќе биде на сила до 31 август.