Skip to main content

СВР Охрид

Сабајлево пожар во глисер во каналот Студенчишта, предизвикана материјална штета и на други два глисери во негова близина

СВР Охрид со детаљи за пожарот кој избувна во глисер сабајлево во каналот Студенчишта.
 |  инфодеск  | 

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка  „Aquaviva 23“, сопственост на 47 годишно лице од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема, а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.

Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот отстраниле 24 годишно лице од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа. Глисерот е одземен за понатамошни вештачења.