Од денеска, на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Исто така, од денес стапува на сила и забраната за изведување градежни работи во централното градско подрачје, а се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“.
Се воведува и целосна забрана за движење во шумите поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шумите ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.