ЈЗУ Општа болница Охрид
Целосно санирани дупките и асфалтирана улицата пред комерцијата зграда во охридската болница
ЈЗУ Општа болница Охрид: Целосно санирање на ударните дупки и асфалтирање на улицата пред комерцијалната зграда во кругот на ОБ Охрид.
Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека после долг период, во кругот на ОБ Охрид беше решен еден од проблемите кој ги засегаше како пациентите така и вработените во оваа установа.

–По налог на Општина Охрид изминатиот викенд се изврши интервентна санација на ударните дупки во кругот на ОБ Охрид, а се изврши и целосно асфалтирање на патот пред комерцијалната зграда во која покрај техничките служби се сместени и одделенијата за радиологија, физикална медицина, трансфузиологија и биохемиска лабораторија, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.


В.Д. Директорот спец Д-р Горан Маркоски изрази благодарност до Општина Охрид и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков со чија помош и поддршка се реализира овој проект.



