Skip to main content

Пребрзото возење низ туристичко Пештани ја загрозува безбедноста на мештаните и туристите

Загрижени за безбедноста на своите деца мештаните бараат итно сообраќајно решение: поставување успорувачи на сообраќајот, бидејки никој не ја почитува максимално дозволената брзина.
 |  инфодеск  | 

Пребрзото возење низ село Пештани, главен проблем за мештаните и туристите. Алармот го вклучи немил настан деновиве, кога дете беше удрено од автомобил на пешачки премин. Велат, никој не ја почитува максимално дозволената брзина во населено место, се вози многу побрзо, а во лето сообраќајот е премногу густ. Илјадници автомобили, автобуси патуваат кон Свети Наум и Албанија врвејќи низ туристичкото село каде куќите се одделени од плажата и шеталиштето со регионален пат.  

Загрижени за безбедноста на своите деца бараат итно сообраќајно решение.

Сме се обратиле до многу институции сите си ја префрлуваат вината не е наша надлежност. Ние не знаеме веќе чива е ова надлежност, бараме молиме да се постават успорувачи на брзина да има легнати полицајци, вибрациони тракивели Крсте Лекоски претседател на МЗ Пештани.

Пред некој ден прегазија дете, а никој ништо не презема. Може да видите дека пешачкиот премин воопшто не е бебеден да се помине затоа што има премногу возила од десната страна. Сто пати сме побарале од различни иснтитуции да се реши тој проблем да направиме некаков паркинг барем за во летната сезона, вели Стефан Медароски жител на Пештани.

Пештанци се закануваат со масовни  протести, велат среде лето ќе го блокираат патот кон Свети Наум доколку итно не се најде решение за сообраќајниот хаос.

Имаме школо, а немаме воопшто никакви знаци дека имаме школо. Овде учат деца од Трпејца, Елшани, од Коњско што заминуваат и мора да седат на улица за да заминат со превоз во другите села. Нема легнати полицајци а се вози пребрзо, вели Јорданчо Пициоски жител на Пештани.

 Многу пати е барано досега од општина за регулирање на сообраќајот за поставување лежечки полицајци не игнорираат целосно ако не се преземат мерки ние ќе преземеме порадикални мерки со блокирање на сообраќај, вели Димитар Бакулески жител на Пештани.

Од СВР Охрид велат немаат надлежност за поставување на успорувачи на брзината бидејќи се работи за регионален пат.  Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на тој патен потег, кој во лето е со значително зголемена фрекфенција, најавија дека полицијата ќе реализира засилени сообраќајни контроли.  

Новинар Соња Рилковска