Децата од Вевчани се забавуваат во новиот детски забавен парк
Вевчани го доби првиот детски забавен парк. Паркот е во строгиот центар на општината и се протега на површина од 200 метри квадратни, направен според сите стандарди – со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити.

Детскиот забавен парк собиралиште за децата и родителите е реализиран со инвестиција на Владата, средства обезбедени преку првиот повик од т.н. унгарскиот кредит.
-Еден од највозбудливите проекти што ги реализиравме скоро е детскиот забавен парк што мене ми е посебно драго бидејки е на барање на најмладите вевчанци. Тоа е место во центарот кое што сега е најпосетено место. Претежно го псоетуваат малдите забавниот парк е за деца до седумгодишна возраст, уреден е по сите стандарди безбеден е и посетен многу често, вели градоначалникот Спасе Кочоски.

Изминатиот период во општината силно се инвестираше во подобрување на патната инфраструктура.
-Се подготвуваме за едно модерно Вевчани, сега во вториот повик имаме пет улици за реконструкција се надевам многу скоро ќе почне и тоа и преку Светска банка имаме една улица од 300 метри за реконструирање. Така да во следните пет шест месеци мислам дека над 60 – 70 отсто од улиците во Вевчани ќе бидат комплетно реконструирани, додава Кочоски.

Првата зелена општина во земјава инвестира и во енергетска ефикасност. Општината обезбеди грант за зголемување на капацитетот на постоечкиот фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на детската градинка.

–На сите објекти што се во владение на Општина Вевчани има фотоволтаици, сега обезбедивме преку министерството за локална, појачување на волтаиците од 4 на 40 киловати бидејки таму поставивме топлотни пумпи се надеваме ке биде и поефикасно и поеколошки грејната сезона, додава Кочоски.

Изминаитот период во Вевчани е извршена комплетна реконструкција на главните сообраќајни улици.