СВР Охрид
Жител на Велешта физички нападнал охриѓанец на патот Струга-Дебар
Од најновиот билтен на СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 29 годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
– Тој, на 29-ти мај 2025 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, на 40 годишно лице од Охрид му упатил закани, а потоа физички го нападнал нанесувајќи му тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид.


