Skip to main content

Авикомпании користат „дупка“ во законот за да ги обноват летовите

Германската служба за контрола на воздушниот сообраќај ја продолжи забраната за летови до 12 часот по Гринич денеска, но авиокомпаниите користат „задна врата“ во законот и ја заобиколуваат забраната.

 |  Maја Савиќ  | 
avion
aвион

LufthanzaДвете најголеми германски компании „Луфтханза“ и „Ер Берлин“ почнаа летови без целосна поддршка на системите за контрола од копно. „Ер Берлин“ вчера и за време на викендот извршил 104 летови при т.н. правила за визуелни летови – процедура, која е дозволена само преку ден, и во принцип се применува само за помали авиони.

„Луфтханза“ исто така објави дека 50 нејзини авиони полетале со вкупно 15.000 патници по прекуокеански линии.

Во случајот со „Ер Берлин“ патничките авиони на компанијата летале на височина од 3.000 метри, следејќи визуелно присуство на други авиони. Во принцип, големите патнички авиони се насочуваат од оператори во центрите за контрола на летање, кои носат одговорност за избегнување на судири во воздухот.

Според дел од германските медиуми, властите во Берлин го дозволиле тој тип летови.

Од можноста да се користат визуелни правила за летови се користи и холандската компанија КЛМ. Синоќа три нејзини авиони полетаа пред зајдисонце од Амстердам за Њујорк, Каиро и Дубаи.
{loadposition content9}