Skip to main content

Културолошка Иницијатива „5 до 12“

Вечерва започнува магичното Drive-In Cinema

Drive-In Cinema е дел од програмата на „The Cultural Seven“ во организација на Културолошка Иницијатива 5 до 12 – Охрид.
 |  инфодеск  | 

Од вечерва започнува магично Drive-In Cinema на паркингот кај поранешната Касарна во Охрид. Настанот е дел од програмата на „The Cultural Seven“, а ќе трае до среда, 9 јули.

Гледачите ќе имаат прилика да уживаат во уникатно кино искуство од своите автомобили, под отворено небо, со проекции на внимателно одбрани филмови.

Вечерва ќе биде прикажан филмот The Magnificent Seven (2016), утре – М (2023) – македонски хорор филм на Вардан Тоѕија, додека во среда – Јон Вардар против галаксијата (2024) на Гоце Цветановски и краткометражниот филм Mi(s)sing Dog (2018) на Антонио Вељаноски.

Влезот е отворен од 20:00 часот, проекциите започнуваат околу 21ч, со цена на билет од 500 денари (од 1 до 5 луѓе во еден автомобил).

-Овој настан нуди ретка можност за едно поинакво, носталгично кино доживување кое ги обединува луѓето преку филмската магија, порачуваат организаторите.