Skip to main content

УХМР

Денес сончево и многу топло, се очекува ветер од над 60 km на час

Во Охрид минималните температури од 16 степени, а максималните до 33 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).

Од УХМР информираат дека поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во Охрид минималните температури од 16 степени, а максималните до 33 степени Целзиусови.