Во Велгошти одбележана 124-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета
По повод 124-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета во манастирот ,,Св. Петка” во Велгошти свежо цвеќе положија делегациите на ВМРО- ДПМНЕ ОК Охрид, Пратениците во Собранието на Република Македонија, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и МЗ на село Велгошти.
На формирањето на четата присуствувале Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој настан.


Историскиот чин се одиграл во манастирот ,,Света Петка”, во Велгошти на 6 јули 1901 година, што зборува за поврзаноста на Охрид и на велгоштани кон делото на Организацијата. На повикот на востание, велгоштани до еден застанале под македонското црвено знаме, на кое пишувало: ,,Смрт или Слобода!”