Продолжува соработката меѓу Црвен крст Охрид и НП Галичица
Црвен крст Охрид и Јавната установа Национален парк Галичица остваруваат повеќегодишна плодна соработка во подготовка и во реализација на проекти и други активности поврзани со заштита на природата.

–Во насока на јакнење на локалните капацитети за справување со шумски пожари, денес Црвен крст Охрид ѝ предаде на Јавната установа Национален парк Галичица 10 заштитни шлемови, 10 заштитни визири компатибилни со шлемовите и 10 работни одела. Покрај опрема за Паркот, набавена е опрема (шлемови, визири и одела) и за дестчлен тим од Црвен крст Охрид којшто ќе пружа поддршка во справувањето со шумски пожари на Галичица, информираат од Црвен крст Охрид.
Од општинската организација на Црвен крст информираат дека опремата е набавена во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.