Skip to main content

Во Струга отворен генерален конзулат на Република Албанија

Оваа институција ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до конзуларни услуги и поблиска врска со институциите на двете земји.
 |  инфодеск  | 

Со низа свечености, интонирање на албанската и македонската химна, денес во Струга беше отворен генералниот конзулат на Р.Албанија.

Конзулатот  ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до конзуларни услуги и поблиска врска со институциите на двете земји, што е особено значајно за луѓето кои секојдневно се движат преку границите, поради семејни врски, бизнис, транзитирање или туризам, рече министерот Муцунски.

 – Односите и соработката меѓу двете земји се засновани на доверба, почит и посветеност, за реализирање на стратешките цели на двете држави, во рамки на процесот на евроинтеграција, процес кој што има исклучителна важност  за двете земји, но и за регионот како целина, кој одамна се стреми кон целосно интегрирање во Европското семејство, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Конзулатот ќе биде мост кој ќе ги  продлабочи добрите односи на двете земји, но и ќе ја зајакне врската на албанското население со својата матична држава, рече албанскиот министер Хасани.

 – Односите помеѓу Р.Албанија и Р.Северна Македонија се изградени на силен темел на пријателство, соработка и взаемно почитување. Го цениме големиот напредок што е постигнат во минатото и остануваме псоветени на продолжување на оваа соработка на сите нивоа, политичко, економско, социјално и кутлурно ниво, истакна Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Р. Албанија.

Конзулатот ќе ги покрива потребите на граѓаните од целиот регион.

Претходно, министрите Муцунски и Хасани остварија тет-а-тет средба во Охрид, во чиј фокус беше унапредувањето на добрососедските односи меѓу двете земји.

Новинар Соња Рилковска