Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до умерен ветер од западен правец.
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) денес, а особено утре ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Денес претежно во северните делови ќе има повремен локален дожд, а во петок услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во постепен пораст, велат од УХМР.
Денешните температури во Охрид од 16 до 29 степени Целзиусови.