Skip to main content

Културата расте со децата „За сите деца“

Утре на детскиот репертоар претставата „Во царството на другарството“

Претставата носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.
 |  инфодеск  | 

Утре во 20:30 часот, на сцената кај „ТЦ Амам“, ќе биде прикажана уште една театарска приказна за најмладите – „Во царството на другарството“, а во изведба на Театар Хит од Скопје. Претставата носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.

Автор и режија на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги толкуваат Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.