Вчера вечер се случи тешка сообраќајна несреќа во близина на охридскот аеродром меѓу две возила, ауди и цитроен, со албански и македонски таблички.
Повеќе лица биле пренесени во Специјализираната болница “Св. Еразмо” во Охрид, а неофицијално, во несреќата животот го загубило едно лице.
На местото на несреќата присутни биле екипи на брзата помош, противпожарната единица и полиција.
Во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе информации.