Skip to main content

Центар за управување со кризи

Девет активни пожари во Македонија, најдени докази за подметнати пожари

Центарот за управување со кризи утрово информира дека во моментов се активни девет пожари.
 |  инфодеск  | 

Центарот за управување со кризи утрово информира дека во моментов се активни девет пожари.

Активни пожари (9):

  1. Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)
  2. Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)
  3. Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)
  4. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)
  5. Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)
  6. Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)
  7. Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)
  8. Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест дел)
  9. Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)

Локализиран пожар (1):

  1. Кочани – м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки (ниска вегетација и мешана шума)

Пожари под контрола (4):

  1. Делчево – Градска депонија „Острец“
  2. Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
  3. Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума)
  4. Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума)

Изгаснати пожари (49):
• Скопски регион: Гази Баба (Смилковско), Шуто Оризари, Куманово (11 локации), Чучер Сандево
• Пелагониски регион: Прилеп (7), Битола, Могила, Крушево (2)
• Вардарски регион: Велес (5), Кавадарци, Росоман
• Источен регион: Кочани, Виница, Делчево, Пробиштип (3), Чешиново-Облешево
• Североисточен регион: Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане (2)
• Југоисточен регион: Радовиш, Ново Село, Дојран
• Повардарски регион: Свети Николе (3)
• Полошки регион: Желино (2), Теарце, Гостивар, Јегуновце

Инаку, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски тврди дека пожарот кај Смилковско езеро е подметнат и дека се најдени докази: остатоци од изгорена гума и ракавици.