Протоколи за третман и достапност на интравенска тромболиза за успешно справување со мозочните удари
Во Охрид се уште не е воспоставен протокол за третман на пациентите со мозочен удар, а терапијата е ограничена. Во услови кога стапките на инциденца и на смртност од исхемичен мозочен удар растат, а возрасната граница кај пациентите се намалува, во некои случаи и под 40 години, се наметнува потребата од итна имплементација на стандардизирани протоколи за третман, особено во претхоспиталната фаза, со цел намалување на смртноста и инвалидитетот поврзан со оваа болест.

Неопходно е да се организираме на повеќе нивоа, да ја подобриме примарната превенција со активности за јавноста да се запознае со ризик факторите и со знаците на мозочен удар,, бидејќи брзата реакција е пресудна за поволен исход и третман. Едукација на медицинскиот персонал, но и подигнување на јавната свест, се клучни во справувањето со мозочните удари истакна д-р Маја Божиновска Смическа, специјалист невролог во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” и претседател на Здружението за борба против мозочен удар.

–Од една страна превентиви кампањи, од друга страна да ја воспоставиме патеката по која би се носеле пацинетите со мозочен удар, почнувајќи од повикот на Итна медицинска помош, нивната активност, да ги едуцираме лекарите од Итната медицинска помош како да постапат во вакави слуачи, да активираат протокол за мозочен удар кој ќе значи итност и со таков протокол да воспостават веднаш контакт со болницата со цел пациентот да е пренесен до најблискиот центар каде би се лекувал, вели д-р Божиновска-Смическа.
Потребен е Центар за мозочен удар, сертифициоран според европските критериуми и едукација на медицинскиот персонал за протоколите на третман, новите технологии кои се применуваат во лечење на мозочните исхемични удари и достапност на терапијата тромболиза.
–Цел ни е да ја подигнеме свеста меѓу медицинската популација, меѓу јавноста особено помеѓу тие кои ги носат одлуките со цел да се обезбеди достапност до интравенската тромболиза односно единствената терапија која е успешна кај овие пациенти. Оваа терапија кај акутните исхемични мозочни удари го разбива тромбот која ја спречува циркулацијата во мозокот. Таа терапија дава толку подобар резултат колку што порано се аплицира. Регионот на Југозападна Македонија е еден од малкуте останати региони во држвава кои досега немал услови да ја аплицира оваа терапија во Невролошко одделение, вели д-р Божиновска-Смическа.

За предизвиците во справувањето со мозочните удари, стручната лекарска фела одржа работилца во организација на Здружението за борба против мозочен удар, поддржана од Здружението на лекари Охрид. Предавања имаа Марија Шевердина консултатнт за Македонија од глобалната мрежа за мозочен удар ,,Angels initiative” , Д-р Михаил Kичов , доктор по медицина, началник на Служба за итна медицонска помош ,Охрид, специјалистите по неврологија Д-р Маја Божиновска Смическа , од Специјална болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо“ ,Д-р.Ксенија Мајсторовиќ и Д-р Моника Петровски од Одделот за Невропсихијатрија при ЈЗУ Општа болница, и Д-р.Тони Чифлигароски специјалист по радиологија. Во рамки на работилницата беа одржани и симулациски вежби со докторите од Брзата помош Охрид.

Во Македонија се бележи највисока стапка на инциденца на исхемичен мозочен удар во светот, со 214,4 нови случаи на 100.000 лица а земјава води и по стапката на смртност од мозочен удар, со 216,9 смртни случаи на 100.000 лица, како и по бројот на изгубени години на здрав живот, покажуваат податоците од Глобалното истражување на болести.