Тстг: Ваква ,,галама” му прилега на Охрид
Секој тон — лек за срцето, мелем за душата.
Наш сограѓанин од Месокастро ни ја прати снимкава со коментар ,,Ваква музика и ваква “галама” му прилега на Охрид. Секоја нота – посебна сила.”
Инаку, ова е дел од 6. по ред најохридски настан на годината, ,,Ој љубов, љубов”, каде охриѓани во еден глас ги пеат традиционалните македонски песни.
Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во рамки на Алтернативното културно лето.