На програмата на „Охридско лето“ вечерва е солистичкиот концерт на чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек.
Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година – Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри. Меѓу нив, секако, оркестрите во Филаделфија, Бостон, Кливленд, Чикаго, Балтимор, Лос Анџелес, симфониските оркестри во Сиднеј, Токио, Оркестарот на Франкфуртското радио, Чешката филхармонија, Варшавската филхармонија, Оркестарот „Филхармонија“ и Лондонскиот симфониски оркестар и Оркестарот во Осло. Соработува со некои од најголемите диригенти на денешницата, како Паво Јерви, Џанандреа Носеда, Јакуб Хруша, Јаник Незет-Сеген, Марин Алсоп, Кристоф Ешенбах, Класу Мекела, Манфред Хонек, Шиан Жанг, Васили Петренко, Ану Тали и Стефан Денев.