Skip to main content

СВР Охрид

Лице од Боговиње возел со брзина од 114 километри на час каде е дозволено само 50 километри на час

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево, лишиле од слобода 44 годишно лице од гостиварското село Боговиње.

-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.