По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид, делницата Врбјани-Ботун, по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода, кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата, бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села, односно живеалишта со автопатот.
-Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како инвеститор и изведувачите што е можно најбрзо да ги изградат помошните, односно пристапните патишта, како би се овозможило безбеден и непречен пристап на засегнатите жители од Автопатот до нивните населени места и обратно, велат од Општина Дебрца.