Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Охрид температурите во интервал од 15 до 32 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека во следните два дена ќе се задржи многу топло време. Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, а претпладне ќе има услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.