Skip to main content

Вечерва ќе бидат промовирани две нови книги од авторките Енис Хилми и Тина Иванова

Промоцијата на двете нови книги на авторките Енис Хилми и Тина Иванова ќе се одржи во Ликвид кафе со почеток во 19:30 часот.
 |  инфодеск  | 

Вечерва во 19:30 часот во Ликвид кафе, стариот дел на Охрид, во организација на издавачката куќа ТЕМПЛУМ, ќе се одржи промоција на две нови книги, низ средба на две македонски авторки.

Пред охриѓани за прв пат ќе биде претставено второто, дополнето издание на збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми од Охрид, која за ова дело ја доби годишната награда „Новите“, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година, што ја доделува Темплум. За награденото дело на Хилми, ќе зборуваат промоторите, Елизабета Шелева и Стефан Алијевиќ.

На промоцијата ќе биде претставена и првата книга раскази „Danse Macabre“, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот, од музикологот и писателка Тина Иванова, за која ќе зборува Мерсиха Исмајлоска.