Skip to main content

Ти Си Твојот Град: Елитен туризам со елитни ноти

Има ли надлежен „јунак” што ќе ги спаси охриѓани и туристите од аларм-тортурата во централното градско подрачје?
 |  инфодеск  | 

Извесен период, охриѓани и гостите во централното градско подрачје секојдневно се изложени на неконтролирано и постојано вклучување на аларм. Алармот се активира на 20-тина минути и истиот има иритантен и многу силен звук. Во текот на денот не е толку забележително, но во вечерните часови, а посебно утринските е страшно вознемирувачки.

-Оставени сме без сон и пот постојана напнатост. Како да не се доволно музиките и неконтролираната галама, само уште алармов ни фалеше. Ве молам обратете се некаде да го исклучат, ова веќе не се трпи. Звукот доаѓа од околината на поштата, зградата каде што е лоциран централен регистар и банката. Да не биде онаа народната „волк,волк….а бе се шегував”, велат нашите сограѓани кои се пожалија на неподносливата бучава во центарот на градот.