ТСТГ: Алармот посилен и од петли е од Пошта
Објавата е надополнета со најнови информации.
Откако утринава наши сограѓани се пожалија на неподносливата бучава во строгиот дел на градот, односно на алармот кој се активира на секои 20-тина минути со иритантен и многу силен звук, сега не информираа дека истиот е од Македонски Пошти.
-Ситуацијата станува уште поапсурдна од причина што алармот не може да се исклучи бидејќи се чека екипа од Скопје да дојде да го деактивира. Додека не дојде екипата, ние ќе продолжиме да се будиме „поштено“ бидејќи буквално ништо не може да се превземе, не информираа нашите сограѓани кои разговарале со лица од СВР Охрид.