Skip to main content

Ана Петановска и Дадо Топиќ се победниците на тиватскиот фестивал „Бисер на Јадранот“

Триумф на фестивалот „Бисер на Јадранот“ за македонската пејачка Ана Петановска и легедарниот хрватски рокер од Црна Гора, Дадо Топиќ.
 |  инфодеск  | 

Ана Петановска и Дадо Топиќ се годинешните победници на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват. За првата награда за песната „Небо“, заслужни се и Григор Копров кој се покрижи за музиката, текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана.

-Прва награда, „Златен Бисер” на овогодинешниот „Бисер на Јадранот“ за песната “Небо” со Дадо Топиќ, емоциите се тука. Ви благодарам од срце мили луѓе, за сите коментари, желби, честитки и несебична поддршка . Огромна благодарност до фестивалот, Дадо Топиќ и Григор Копров за искрениот ветер во грб и за целиот ангажман, вели Ана Петановска.

-Мотото на фестивалот годинава беше „Тиват го спојува регионот“, и навистина беше така, со многу мои драги колеги се дружев деновиве. Песната „Небо“ која ја пеев со Ана ми се допадна „на прва топка“, нејзиниот глас е реткост во денешно време. Без оглед на тоа колку награди сум добил, на секоја ѝ се радувам како да ми е прва, изјави Дадо Топиќ.