Skip to main content

УХМР

Претежно сончево и многу топло, максималните температури до 35 степени Целзиусови

Под влијание на топол бран од југ до сабота времето ќе биде сончево и многу топло.
 |  инфодеск  | 

Времето во Охрид денес претежно сончево и многу топо. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималните температури од 18, а максималните до 35 степеи Целзиусови.

Од УХМР информираат дека под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.