Skip to main content

Се асфалтира крак од „Дејан Војвода“, на „Александар Турунџев“ подготвителни активности за асфалтирање

Во тек активности за асфалтирање и подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици и краци од улици на територија на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека во тек се активности за асфалтирање и подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици и краци од улици на територија на Општина Охрид.

-На крак од улицата „Дејан Војвода“ во моментов се врши асфалтирање, додека на улицата „Александар Турунџев“ се одвиваат подготвителни активности за асфалтирање. За првата улица средствата се обезбедени директно од буџетот на Општин Охрид, додека за другата се обезбедени преку Светска банка. Продолжуваме со активности за подобра инфраструктура во Охрид, вели градоначалникот Пецаков.