Од денес охриѓани ќе уживаат гледајќи филмови под ѕвездите, започнува 8. издание на Beach Film Festival

Од денес до 27 јули, недела, Охрид повторно ќе стане живо гледалиште на новиот европски филм. Осмото издание на „Beach Film Festival“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи авторски гласови, најавуваат од „Beach Film Festival“.
Свеченото отворање на Beach Film Festival започнува во 20:30 на плажата Славија, со проекциите на раткометражните македонски филмови „Амра“ во 20:45 и „Состојба на умот“ во 21:00, а во 21:15 започнува долгометражниот полски филм „Губење на рамнотежа“. Веднаш потоа е предвидена музичка програма со DJ Шизика. Влезот е 200 денари.
Денес на плажата Сараиште ќе бидат прикажани следните филмови за деца во 20:30 стартува проекцијата на „15 години и еден ден“, а во 22:00 започнува „Млади шаман“. Влезот е слободен.
Сите продадени карти и доброволни донации ќе бидат донирани на погодените семејства од пожарот во Кочани.






