Skip to main content

ујп

УЈП најавува контроли кај таксистите и превозниците

Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, посебно во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.
 |  инфодеск  | 
поскапе такси превозот

Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто-такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Во нивното соопштение се додава дека контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, посебно во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.

-Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз должни се да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред, да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат, да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет, да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи, за секоја фискална каса поединечно, да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет најдоцна наредниот работен ден, да имаат јасно и видно истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка од страна на корисниците на услугата, се наведува во соопштението на УЈП.

УЈП апелира со граѓаните кои имаат сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, треба да ги пријават на бројот 198 или на е-пошта info@ujp.gov.mk.