Забранети уште 42 нови нелегални онлајн игри на среќа
Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека го потпиша третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа.
–Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените. Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви страници за игри на среќа, вели министерот Андоновски во неговото обраќање.
Новиот Закон за игри на среќа, дополнително ќе се справува со сеприсутното рекламирање и лажното претставување на приредувачите на игри на среќа.