Во Охрид денес претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 36 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.