Skip to main content

УХМР

Денес и утре нѐ очекуваат рекордно високи температури, од недела заладување

Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 18 до 37 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Денес времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утре, пак, ќе се задржи многу топло време со температура која во Македонија наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 18 до 37 степени Целзиусови.