Skip to main content

Љубомир Глигоров е првиот Македонец кој го изведе најдлабокото нуркање во Охридското езеро

Љубомир Глигоров е професионален нуркач, кој изврши нуркање со водородна мешавина и достигна максимална длабочина од 132 метри во Охридското езеро.
 |  инфодеск  |  ,

Нуркање на максимална длабочина од 132 метри и во времетраење од 130 минути, е рекордот на првиот Македонец Љубомир Глигоров кој го изведе најдлабокото нуркање во Охридското езеро.

-Никој на светот досега не креирал гас за големи длабочини, тоа е многу комплексна работа, учев и истражував со години, го усовршував миксот. Не можете да нурнете само со водород, морате да направите безбедна методологија за враќањето, со години ги правев пресметките. Ова достигнување е важно и од еден друг аспект. Хелиумот што се користи за нуркање е многу поскап од водородот. Водородот го имаме насекаде околу нас. Со овој метод може да се заштедат стотици милиони евра на светско ниво, објаснува Глигоров за Нова Македонија.

Ова е голем чекор во безбедното мешање, складирање и транспорт на водородната мешавина и во протоколите за безбедно нуркање за Системот за отворено коло за нуркање.