Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Од УХМР информираат дека во Македонија во следните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневната температура до четврток ќе биде во опаѓање, а од петок во постепен пораст.
Денешните минимални температури во Охрид од 13, а максималните до 30 степени Целзиусови.
Фото: Ѓоко Симјаноски