ЈП Водовод – Охрид
Денес намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето на неколку улици
Се работи на интервенција на електродистрибутивната мрежа од страна на EVN во пумпената станица Орман.
Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на електродистрибутивната мрежа од страна на EVN Македонија, денес од 09:00 часот неколку часа во прекин со работа ќе биде пумпената станица Орман.
Во овој период намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето ќе има на улиците: „Железничка”, „Гоце Делчев” со споредните улици од населбите Воска и Далјан, дел од бул. „Туристичка”, населбата Чекоштина и с.Орман.


