По четврти пат се одржа гастрономската манифестација „Вкуси го Охрид локално”
Традиционалната локална храна треба да биде еден од главните адути за привлекување на туристи. Старите автентични специјалитети, подготвени од локални производи, убаво сервирани и послужени може да бидат едно уникатно доживување.



Експертите велат да се зачува традицијата , но да се вметнат и новитети кои ќе го надополнат вкусот.
– Во хотелите потребно да има посебна маса каде што ти има локална понуда и таа да не е замешана во целата онаа понуда, да речиме, не знам, зденки од вамо, не знам, што тоа е она наше локално и буквално треба да си го цениме. На тој начин си го цениме нашиот идентитет, затоа што веќе традицијата и ова не е нешто де- моде, вели проф д-р Ангела Паскуале претседателка на Слоу Фуд.

По четврт пат се одржа манифестацијата „Вкуси го Охрид локално” во организација на Слоу Фуд-Охрид, кои преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон трдицијата и локалниот идентитет ги освоија срцата на големиот број посетители.


– Се трудиме да ја пренесеме традицијата преку часовите за готвење, меѓутоа тие нашите пријатели кои што доаѓаат таму не добиват само часови по готвење, току добиват едно целосно, комплетно македонско традиционално мени, на што сме премногу горди, вели Наташа Неданоска локален производител.

– Најубаво е созонско и локално тоа е равенката според мене за најубавоНе велам дека моето е најдобро, не велам дека ние имаме најубаво. Локалната храна е неопходна за да опстане и да функционира едно општество, вели , Давид Темелковски, фармер.
Традиционалната софра треба да се усовршена и збогатува. Со префинета презентација и послужување на храната гостите да понесат незаборавно искуство.



Новинар Соња Рилковска