Skip to main content

УХМР

Променливо облачно и посвежо време

Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 29 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 29 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека до четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од петок се очекува постепен пораст на температурата.