Во пресрет на големиот празник Илинден, охридскиот мозаичар и конзерватор Никола Упевче ја постави „Мозаична мапа на градот Охрид и Лихнид“, на плоштадот кај „Долна Порта“.

Никола Упевче е академски сликар, конзерватор и реставратор, а се изразува во сликарската техника мозаик. Првиот мозаик, наречен „Желка“, Упевче го изработил во 1999 година. Покрај тоа што изработува мозаици, исто така е посветен и на реставрација на истите. Автор е на сводниот мозаик поставен над јужниот влез во олтарот од црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско изработен исклучиво со камења во 2005 година, мозаикот „Фонтана на животот“ поставен во 2006 на летната тераса од ресторанот „Св.Софија“, мозаикот „Четирите рајски реки“ на Плоштадот – Мини Маркет, мозаикот „Два гулаби пијат вода“ на чешма од црквата Богородица Пандонос, и други.