Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
ЈП Охридски Комуналец: Реализирана акција за генерално чистење и миење на охридската чаршија
Извршено темелно рачно чистење од тврдокорни наслаги и нечистотии со употреба на специјално средство за отстранување на истите, а потоа реализирано и машинско миење на чаршијата.
Од ЈП ОХридски Комуналец информираат дека денес беше реализирана акција за генерално чистење и миење на охридската чаршија.

Во нивното соопштение додаваат дека беше извршено темелно рачно чистење од тврдокорни наслаги и нечистотии со употреба на специјално средство за отстранување на истите, а потоа се реализира и машинско миење на чаршијата.

-Одржувањето на хигиената на најфреквентната пешачка зона во градот е од највисок приоритет за оперативните служби, велат од Охридски Комуналец.

